Connect with us

Регион

Во Србија разгледуваат скратување на часовите во училиштата на 30 минути поради намалено внимание на децата

Српскиот министер за образование Дејан Вук Станковиќ изјави дека се разгледува идејата за скратување на часовите во училиштата на 30 минути бидејќи кај децата постои феномен на дифузно внимание, поради што не можат да се концентрираат 45 минути да следат настава.

Министерот во изјава за РТС рече дека концентрацијата на учениците на часовите е проблем за кој се зборува веќе некое време, а јавноста има предлог за намалување на времетраењето на часовите од 45 на 30 минути.

„Во моментов размислуваме за таа идеја, да бидам најпрецизен, отворено и гласно. Мислам дека постои некаков вид психолошко оправдување. Токму под влијание на овие нови технологии се јавува феноменот на дифузно внимание. Не можете да бидете фокусирани на еден предмет, туку едноставно многу лесно преминувате од една содржина на друга“, објасни Станковиќ.

Како што додаде тој, тоа создава ефект кај децата дека не можат да останат фокусирани 45 минути, што е максималното време за концентрација и кај возрасните. Тој додаде дека се разгледува можна делумна или целосна забрана за мобилни телефони во училиштата.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1