Connect with us

Кошарка

Без Дончиќ, ЛА Лејкерси претрпеа нов пораз од Портланд

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс доживеа нов пораз откако ноќеска загуби на гостувањето кај Портланд и ова беше петти пораз на последните шест натпревари за „езерџиите“. Тие дуелот го одиграат без најефикасниот играч Лука Дончиќ, кој превентивно по направените лекарски прегледи остана без минути на натпреварот.

Најзаслужен за победата на Портланд беше Шејдон Шарп, кој постигна 25 поени и во клучните момент ја презеде одговорноста. Портланд успеа да направи разлика од повеќе од 20 поени и со тоа да ја најави победата. Ова беше седми триумф за Портланд на последните девет натпревари. 

Резултати на ноќешните натпревари: Атланта – Бостон 106:132, Детроит – Индијана 121:78, Њујорк – Феникс 99:106, Мајами – Оклахома Сити 122:120, Сан Антонио – Минесота 126:123, Голден Стејт – Шарлот 136:116, Денвер – Вашингтон 121:115 и Портланд – ЛА Лејкерс 132:116. 

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 4