Connect with us

Регион

Албанија ќе купува американско оружје и ќе и го испрати на украинската армија

Албанија ќе се приклучи на Приоритетна листа на барања за Украина, позната и како (PURL).

„Нашата земја ќе се придружи на списокот на земји кои ќе купуваат американско оружје, а потоа ќе го испраќаат во Украина, објави министерката за надворешни работи Елиса Спиропали, која деновиве беше во посета на Украина. Ова таа им го кажала и на нејзиниот домаќини, министерот за надворешни работи, Андриј Добила, како и на средбата со претседателот Володимир Зеленски.

„Ги поддржуваме напорите за мир. Тоа мора да биде праведен и траен мир со безбедносни гаранции за Украина – мир што ја почитува жртвата на украинскиот народ во текот на овие четири години, напиша Спиропали.

Тие изразиле голема благодарност до Албанија за поддршка за нивната земја.

– Овој сојуз вклучува земји како што се: Данска, Норвешка, Шведска, Финска, Естонија, Латвија, Литванија, Исланд, Холандија, Германија, Белгија, Шпанија, Луксембург, Португалија, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Грција, Северна Македонија, Црна Гора, Романија, Хрватска. Тие ја поддржуваат Украина преку НАТО, објавија албанските медиуми.

Додаваат дека целта на PURL е да ја подобри поддршката за да Украина побрзо го добие основното вооружување. 

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3