Connect with us

Регион

Синиша Мали: Соработката со Cisco го потврдува меѓународниот кредибилитет на Експо 2027

Српскиот министер за финансии Синиша Мали денеска изјави дека специјализираната изложба Експо 2027 во Белград ќе биде комплексен дигитален систем и истакна дека соработката со глобалниот технолошки лидер Cisco дополнително го потврдува меѓународниот кредибилитет на проектот и предвидува највисоки стандарди.

„Кога еден глобален технолошки лидер го препознава нашиот напредок и сака активно да го поддржи Експо 2027 Белград, тоа потврдува дека Србија е стабилен, сигурен и перспективен партнер. Tаа соработка оди подалеку од самата изложба – таа претставува инвестиција во долгорочни дигитални капацитети што ќе им користат на нашите институции, економија и граѓани долго по завршувањето на Експо“, рече Мали.

Како што е наведено во соопштението, со очекуваните четири милиони посетители, повеќе од 130 земји учеснички и исклучително сложена оперативна средина, Експо 2027 Белград функционира како дигитален осистем од глобални размери, што бара највисоки стандарди за кибер безбедност, сигурност и континуитет на работењето.

Тој додаде дека реномираната американска компанија Cisco ќе биде стратешки партнер на Експо 2027 во Белград .
Меморандумот за соработка го потпишаа вчера директорот на „Експо 2027“ д.о.о. Белград, Данило Јериниќ, и потпретседателот на Cisco за Јужна Европа, Агостино Сантони.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 1