Connect with us

Општини

14 Меѓународна научна конференција „Охрид – Водици 2026“

Современите општествени процеси, феноменот на дигиталната технологија и предизвиците што произлегуваат во областите на идентитетот, културната меморија, наследството, туризмот и безбедноста ќе бидат теми на дискусија во рамки на 14. Меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2026“ што од денеска се одржува во Охрид.

–  Оваа година на конференцијата ќе бидат разгледувани сите тие аспекти, да видиме како истите се употребуваат преку дигитализацијата, како може да се користат за промоција, но и предизвиците поврзани со злоупотребата…Имаме навистина голем интерес оваа година, со над 70 реферати, така што очекуваме добар научен собир, рече Рубин Земон, од Центарот за напредни истражувања што е организатор на конференцијата.

На научниот собир во Охрид, што се одржува во партнерство со Филмската академија од Охрид, Социјалната организација за поддршка на проучувањето на културното наследство на Азаербејџан и Универзитетот од Ајдин, ќе може да се слушнат напредните искуства од светот кога станува збор за промоција и заштитата културното наследствто.

– Да ги искористиме сите искуства во областа на заштитата на културното наследство, потоа начините како да се презентира истото преку користење на дигиталните алатки, особено преку вештачката интелигенција…Денеска може преку неа да се оживуваат стари фотографии, но колку и да е тоа интересно има простор и за злоупотреби така што добро е да се слушнат искуствата, а науката да даде одговор за предизвиците. Особено е тоа изразено кога се зборува за иднетитетот, каде има се повеќе примери за злупотреби, дури и зачестена појава на говор на омраза. Токму на тој аспект на безбедноста имаме посветено една цела сесија тука на собирот во Охрид, рече Земон.

Тоа, како што беше речено на собирот, се големи проблеми, но очкувањата се да се даде некаков придонес во насока на помош на општеството и јавноста во справувањето со предизивиците.

Професорката Селма Мухиќ Диздаревиќ од Карловиот универзитет во Чешка, ќе има предавање на темата „Конструкција на меморијата во дигиталниот простор“. Таа рече дека темата пред се е посветена на младите луѓе, а се однесува на проблемот со конструкција на вистината во дигиталниот простор.

– Ќе презентирам дел од начините како на младите луѓе им се претставува тоа историско искуство, на кој начин тоа се прави преку социјалните мрежи, на кој начин со големите јазички модели и вештачката интелигенција…Тоа се големи предизвици, оттаму што интерпретацијата на историските случувања се проблем и за нас, а многу повеќе за младите луѓе кои се големи корисници на социјалните мрежи и вештачката интелигенција, рече таа.

Организаторите на Конференцијата сметаат дека собирот претставува добра можност преку одржување стари познанства и создавање нови академски врски и пријателства Охрид да го добие заслуженото место на светската академска мапа, во некои пошироки рамки како град со еден од најстарите универзитети во светот,

Работните сесии во рамки на Конференцијата ќе се одржуваат во просториите на Куќата на Робевци, Куќата на Христо Узунов и Куќата на Григор Прличев.

Годинешното издание на собирот во Охрид  е посветено на д-р Ахмет Ајтач од Измир, емитениот универзитетски професор и уметник чии научни и уметнички дела имаат оставено силен белег во академскиот и уметничкиот свет на Балканот, Анадолија, Кавказието и Средниот Исток…

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1