Connect with us

Општини

Почувствуван земјотрес во Охрид и Струга, епицентарот во Албанија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во 11.28 часот во Охрид, Струга и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот потекнува од соседна Република Албанија, на 155 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.8.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 5