Општини
Онер Јакупоски и официјално градоначалник на Општина Маврово и Ростуше
Онер Јакупоски и официјално стапи на должност Градоначалник на Општина Маврово и Ростуше.
Денеска, во свечена атмосфера, Онер Јакупоски официјално го прими уверението за Градоначалник на Општина Маврово и Ростуше.
Уверението за избор на Градоначалник му беше врачено од страна на Претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК) Маврово и Ростуше, Реџеп Агаи.
Со овој чин, и официјално се потврдува изборната волја на граѓаните и започнува новиот мандат за управување со општината.
При примањето на уверението, Градоначалникот Јакупоски истакна дека ова е голема чест, но уште поголема одговорност пред сите жители на Маврово и Ростуше, најавувајќи посветена работа за подобра иднина на сите населени места во општината.
јануари 16, 2026


