Connect with us

Општини

Повторно протест на кумановците пред зградата на УЈП

Кумановците што работеа за американски компании во бази во Ирак и Авганистан и денеска протестираа пред зградата на Управата за јавни приходи во Куманово. Побараа надлежните да ги земат предвид документите (пасоши, печати, потврди од работодавци), да се направи ревизија на решенијата, запирање на присилната наплата и усогласување на даночната пракса укажувајќи дека не бегаат од плаќање даноци и дека бараат правична и законска примена. 

Некои од присутните доставија и решенија од УЈП според кои самите побарале Управата да им потврди дали имаат каков било данок за плаќање и добиле известување дека немаат.

На протестот засегнатите рекоа дека институцијата не постапила навремено, не донела решение за секоја година и не обезбедила навремено информирање за овие даночни обврзници. Поеднечно, некои од нив веќе се обратиле до народниот правобранител, а за утре најавија дека официјално ќе достават барање до оваа институција, до УЈП, до Владата, до американската амбасада и до Советот на Општина Куманово.

Тие најавија дека протести ќе има цела работна недела, секој ден, од 14 до 16 часот. 

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 2