Connect with us

Регион

МВР на Србија први во Европа ќе предложат Закон за спречување на трговија со луѓе и заштита на жртви

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека оваа година МВР ќе предложи голем број закони што се од клучно значење за Србија, како и дека ќе биде усвоен прв во Европа – Закон за спречување на трговија со луѓе и заштита на жртви.

Дачиќ изјави за РТС дека Србија веќе усвоила нова програма за контрола на мало и лесно оружје, муниција и експлозиви и програма за спречување на трговија со луѓе, што доведе до отстранување на Србија од листата за надгледување на Стејт департментот.

„Ќе биде усвоен првиот закон за спречување на трговија со луѓе и заштита на жртвите – прв таков закон во Европа. Како и законот за оружје и муниција. Новиот закон за внатрешни работи и некои други прашања поврзани со интегрираното управување со границите, за подготовки за влез во Шенген зоната“, рече српскиот министер.

Според него, по трагедијата во основното училиште „Владислав Рибникар“, беше донесен мораториум за издавање дозволи за купување оружје, што траеше две и пол години.

„По трагедијата во Рибникар и сите тие настани што се случија подоцна, кога беше воведен мораториум за издавање дозволи за оружје. Тој мораториум траеше две и пол години и истече. Околу 190.000 парчиња оружје, некои регистрирани, а некои нерегистрирани, беа запленети и предадени. Оваа година ќе се донесе закон и издавањето на тие дозволи за набавка и купување ќе биде многу рестриктивно“, објасни Дачиќ.

Српскиот министер додаде дека ситуацијата во општеството е стабилизирана и дека во моментов нема насилни демонстрации. 

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 5