Општини
Денеска и утре верниците се поклонуваат пред моштите на Свети Василиј во Струмица
Денеска и утре православните верници се поклонуваат пред моштите на Свети Василиј Велики. Во манастирската црква „Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица, во чест на големиот празник Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, се изложени на поклонение дел од моштите на овој светец.
Од Струмичката епархија на МПЦ-ОА информира дека заради тековните градежно-реконструктивни активности во храмот „Свети Кирил и Методиј“ во Струмица, годинава чествувањата во спомен на Свети Василиј Велики ќе бидат служени во манастирот на „Светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици“.
Оттаму додаваат дека ќе се одржат две богослужби-Празнична вечерна служба денеска и утре Света Божествена Литургија.
Инаку, за православната црква Свети Василиј Велики е еден од нејзините столбови или како што бил наречен „око на православната црква и уста на Светиот Дух“.
Според преданијата, моштите се донесени во Струмица во 1830 година од Кападохија од војник од овие краишта кој служел во војската на Турската империја.
јануари 14, 2026


