Вести
JO бара притвор за мажот кој го оштети стаклото на вратата на бугарската Амбасадa
Основното јавно обвинителство – Скопје поведе постапка против 55-годишно лице, осомничено дека на 11 јануари со камен го скршило стаклото на вратата на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.
Осомничениот, како што наведува Обвинителството, „од омраза ја оштетил влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија, така што со камен го скршил стаклото на вратата и веднаш се одалечил во непознат правец“.
– Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување мерка притвор, со образложение дека постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и основано стравување дека осомничениот би можел да го повтори делото, стои во соопштението.
Според обвинителството, лицето сторило кривично дело „оштетување туѓи предмети“ од член 243 став 2 од Кривичниот законик
јануари 13, 2026


