Скопје
Општина Ѓорче Петров: Празниците се за заедништво, хуманост и грижа – пакети со храна и хигиенски средства за најранливите категории
Во духот на празниците и христијанските вредности што ги симболизира Свети Василиј, Општина Ѓорче Петров реализираше хуманитарна активност насочена кон поддршка на социјално-загрозените семејства.
Со поддршка на општествено-одговорни компании, беа обезбедени над 100 пакети со храна и хигиенски средства, како и празнични пакетчиња за најмладите, кои беа распределени на семејства на кои помошта им е најпотребна.
Оваа активност е дел од континуираната заложба на општината да гради заедница заснована на солидарност, човечност и вистинска грижа за граѓаните, со посебен акцент на децата и најранливите категории.
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, упати благодарност до сите компании и поединци кои се вклучија и придонесоа оваа иницијатива да донесе празнична радост и чувство на поддршка во многу домови.
Општина Ѓорче Петров и понатаму ќе продолжи со активности кои ја зајакнуваат заедницата и ја потврдуваат определбата дека празниците се време за споделување, грижа и заедништво.
јануари 13, 2026


