Connect with us

Регион

Почна транспортот на нафта за преработка за НИС преку Јанаф

Првите количини нафта за преработка од Јадранскиот нафтовод (Јанаф) почнаа да пристигнуваат во српската рафинерија Панчево, јави РТС.

Јанаф ја прекина испораката на нафта до рафинеријата Пачево на 9 октомври, кога започна целосното спроведување на санкциите на САД.
Тие добија лиценца за продолжување на работата до 23 јануари, а Нафтена индустрија на Србија склучи договори и плати за првите количини.
Рафинеријата во Панчево ќе почне со работа околу 16 јануари, а првиот дизел од производство ќе го пушти на пазарот на 26 или 27 јануари.

Министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, вчера изјави дека 85.000 тони ќе бидат испорачани преку Јанаф оваа недела.

Таа додаде дека се очекува, по тие 85.000 тони, во текот на следната недела да пристигнат дополнителни 35.000-45.000 тони нафта, што ќе обезбеди, како што рече рафинеријата да може да продолжи да работи подолг временски период дури и по 23 јануари.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 4