Connect with us

Регион

Од утре се очекуваат првите испораки на нафта преку Јанаф за Србија

Српската министерка за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, денеска изјави дека во вторник наутро, по речиси 100 дена, преку нафтоводот Јанаф  ќе бидат испорачани првите количини од 85.000 тони нафта, што треба да се испорачаат оваа недела, објави Министерството.
„Рафинеријата во Панчево почнува со работа околу 16 јануари, во секој случај пред крајот на неделата, а очекуваме првиот дизел да излезе од производство и да биде на пазарот околу 26 и 27 јануари“, изјави таа.

Нагласувајќи дека во претходниот тежок период, „државата успеа да го снабдува пазарот без проблеми, и покрај тешкотиите“, таа потсети дека сега Нафтената индустрија на Србија има оперативна лиценца за работа.

Српската министерка додаде дека по тие 85.000 тони, се очекува да пристигнат дополнителни 35.000 до 45.000 тони нафта во следната недела. 

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 5