Connect with us

Вести

Муцунски за инцидентот пред бугарската амбасада: Се работи за изолиран случај

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска го осуди инцидентот во кој од страна на еден сторител е искршена влезната врата на бугарската амбасада во Скопје. Според првичните информации, се работи за изолиран случај во кој е причинета материјална штета во помал обем – вели Муцунски.

– Независно од тоа, максимално го осудуваме инцидентот. МВР дава голем фокус на процесот на истрагата и за подетаљни одговори во врска со истрагата, бидејќи не сакам да ѝ наштетам, би ве упатил да побарате одговор од МВР. Но, она што би сакал да го кажам е дека институционално има брз и ефикасен одговор од наша страна – изјави денеска Муцунски.

Одговарајќи на новинарско прашање, Муцунски рече дека, за жал, не може да се контролира секој кривично-правен настан што се случува на територијата на државата, но дека најважно е дека веќе тој инцидент е осуден од наша страна и се рабтои на целосно расветлување на случајот. 

– Наша одговорност како држава е првин да дадеме објективен одговор, да го осудиме настанот, а потоа и нашите институции максимално бргу да ги преземат сите потребни дејства и мислам дека од наша страна е максимално коректно одговорено до овој момент. Се надевам дека бргу ќе заврши истрагата од страна на МВР – рече Муцунски.

Министерството за внатрешни работи вчера инфомира за случајот посочувајќи дека е скршено стакло на влезната врата на бугарската амбасада.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 5