Connect with us

Скопје

Стаменкоска-Трајкоска: Секое дете заслужува внимание, топлина и чувство дека не е заборавено

Повеќе од 260 деца без родители денеска добија хуманитарни пакети како донација од градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, и Општина Кисела Вода.

Донацијата, соопштија од Општината, беше реализирана во ЈУ Детски дом „11 Октомври“, како и во приватната установа за вонсемејна заштита СОС „Детско село“, со цел и во деновите кога сѐ уште се одбележуваат божикните и новогодишните празници, на децата да им се подари радост и внимание.

– Секое дете заслужува внимание, топлина и чувство дека не е заборавено. Овие празнични денови се потсетник дека заедно можеме да направиме мали, но значајни чекори, кои носат радост и насмевки, а со ваквите активности уште еднаш ја потврдуваме посветеноста на Општина Кисела Вода кон хуманоста и поддршката на најмладите преку активности насочени кон грижа, солидарност и општествена одговорност, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1