Connect with us

Свет

Трамп објави дека Мадуро бил заробен и однесен од Венецуела

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга биле „заробени и однесени од земјата“, потврдувајќи ги американските воени напади врз Венецуела.

– Соединетите Американски Држави успешно спроведоа голем напад врз Венецуела и нејзиниот лидер, објави Трамп на социјалната мрежа Truth Social. Тој наведува и дека американските органи за спроведување на законот биле вклучени, но не прецизираше како или кои агенции.

Мадуро беше обвинет во американски суд за наводен наркотероризам во 2020 година.

Трамп најави дека повеќе детали ќе бидат објавени на прес-конференција во Мар-а-Лаго во 11 часот по локално време.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3