Connect with us

Рецепти

Зелена салата со ракчиња 

Потребни состојки:

200 гр. речни ракчиња слимс, 5 маслинки, 1 лимон, за декорација ротквички, морков и француски магдонос, 100 гр. мајонез, 100 гр. павлака, 1 варено јајце, зелена салата, јаболков оцет, сол и црн пипер

Начин на подготовка:

На даската за сечење ги сечкаме листовите зелена салата. Потоа ги редиме на чинијата за сервирање.

Врз салатата ги редиме претходно обарените ракчиња.

Вареното јајце го сечеме на четвртинки, кои ги редиме на четири краја на салатата. Павлаката ја мешаме со мајонеот и додаваме мелен црн пипер. Посолуваме и го додаваме оцетот. Преливот го ставаме на средината на салатата, а врз него уште еднаш расфрламе од ракчињата.

Украсуваме со цвет од ротквичка и гранче француски магдонос на средината на чинијата.

Маслинките ги сечкаме на половинки и ги редиме по целата салата.

Лимонот го сечкаме на тенки кругови, со кој исто така ја декорираме салатата. Декорацијата ја завршуваме со 2 цвета од морков.