Рецепти
Бела салата

Потребни состојки:
200 гр. шунка, 300 гр. урда, половина краставица, 1 варено јајце, масло за јадење, сол и црн пипер
Начин на подготовка:
На даската за сечење најпрво на долги плочки,а потоа на коцки ја сечкаме краставицата. Парчињата ги ставаме во еден поголем длабок сад. Потоа на коцки ја сечкаме шунката па и неа ја додаваме во садот. Во садот ја додаваме павлаката и урдата. Додаваме и масло за јадење, сол и мелен црн пипер. Се убаво промешуваме со лажица.
Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови зелена салата, а потоа во форма на топки ја редиме белата салата. Потоа правиме долги ребрести форми од нелупена краставица со кои ја украсуваме чинијата. Декорацијата ја завршуваме со тенки кругови и полукругови од ротквица врз топките од бела салата. Додаваме и гранчиња копар и магдонос.
јули 27, 2025