Connect with us

Рецепти

Крофни со јаболка и цимет


Потребни состојки:

2 чаши брашно, ¾ чаша шеќер, 2 мали лажички прашок за печиво, прстофат сол, ½ чаша сок од јаболка (блендирани и процедени јаболка), ¼ чаша млеко, 2 јајца, 1 мала лажичка екстракт од ванила, 1 лажица растопен путер.

Начин на подготовка:

Пуштете ја рерната да се загрева на 165 степени.Калапот за крофни намрсете го. Во голем сад измешајте ги брашното, шеќерот, печивото и солта. Јајцата ставете ги во сад за матење. Изматете ги со миксер додека се добие густа смеса.

Во друг сад ставете ги сокот од јаболка, млекото, јајцата, екстрактот од ванила и растопениот путер. Измешајте ги со жица за матење додека добите хомогена смеса. Во садот со брашното додадете ја смесата со сокот од јаболка и добро измешајте.

Во секоја чашка од калапот ставајте од смесата по ¾ од висината.

Калапот ставете го да се пече во загреаната рерна за време од 8 до 10 минути. Кога крофните ќе се испечат, оставете ги да се малку изладат во калапот, а потоа извадете ги.

Во чинија измешајте ги белиот шеќер, кафеавиот шеќер и циметот. Секоја крофна натопете ја во растопен путер, а потоа валкајте ја во смесата од шеќер и цимет.