Рецепти
Брзо и лесно: Подгответе рижото со печурки и бело вино

Начин на подготовка:
На масло пропржете го кромидот и печурките ситно исецкани, додадете и вино и оставете да малку да испари. Потоа додадете го оризот, посипете со зачин, прелијте со врела вода, измешајте и гответе го 15-20 минути на слаб оган, за оризот да не се превари. Тргнете го од шорет, измешајте го путерот со пармезанот и сервирајте го топло како предјадење.
Потребни состојки:
350гр ориз, 1л вода, 1 лажица зачини, 50гр путер, 200гр печурки, пола главица кромид, 8 лажици масло, 100гр пармезан, 1,5дл бело вино.
јули 27, 2025