Connect with us

Рецепти

Полнети лигњи со зеленчук

За подготовка на ова јадење потребни се следниве производи:

800 гр. Лигњи, 500 гр.спанаќ, магдонос, 2 црвени конзервирани пиперки, 300 гр. сечкани маринирани шампињони, 200 гр. Кисели краставички, бело вино, маслиново масло, сол и црн пипер

Потребно време за подготовка на ова јадење е 30- тина минути.

Во една тава за пржење ставаме маслиново масло и сечканите шампињони. На даската за сечење црвените конзервирани пиперки ги сечкаме на парчиња, па и нив ги додаваме во тавата.

На парчиња ги сечкаме и киселите краставички и ги додаваме во тавата. Во тавата ставаме маслиново масло , сол и мелен церн пипер. Ја ставаме тавата на оган, додаваме уште малку масло и го додаваме спанаќот. Уште еднаш посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и промешуваме. Ја тргаме тавата од оган и ја ставаме на работната маса.

Со лажица со смесата од тавата ги полниме лигњите и ги затвораме со дрвени стапчиња за ражњичи. Скарата на која ќе ги печеме лигњите ја попрскуваме со маслиново масло .

Потоа на скарата ги ставаме полнетите лигњи. Откако ќе се испечат од едната страна лигњите ги превртуваме за да бидат подеднакво испечени од сите страни. Испечените лигњи ги тргаме од скарата и ги ставаме на чинија.Кората на еден портокал ја засекуваме на ленти, а потоа портокалот го сечеме на парчиња.

Истото го правиме и со лимонот. На чинијата за сервирање ставаме лист зелена салата, а врз него наизменично парчиња од лимон и портокал. Парчињата од лимон и портокал ги декорираме со магдонос.

Потоа на чинијата ги редиме испечените лигњи. Правиме ребрести стапчиња од варен морков со кои ја украсуваме чинијата. Помеѓу парчињата морков декорираме со главички прокељ.

Декорацијата јаа завршуваме со 2 кругчиња зелена пиперка, форми од варен морков врз полнетите лигњи и уште едно гранче магдонос. На чинијата ставаме и малку капари. Со тоа полнетите лигњи со зеленчук се подготвени.