Рецепти
Сендвич т.н. Монте Кристо

Стопеното сирење во средината на сендвичот Mонте Кристо пружа неверојатно уживање.
Потребни состојки:
– 8 парчиња леб
– 4 парчиња кашкавал
– 8 парчиња салама или шунка по желба
– Бибер по вкус
– 1 јајце
– 2/3 филџан брашно
– 2 лажички прашок за печиво
– ½ лажичка прашок за печиво
– ½ лажичка сол
– 2/3 филџан вода
– Лажица шеќер во прав
Начин на подготовка:
– Направете смеса за поховање – измешајте вода и јајце, а потоа додадете смеса од брашно, прашок за печиво, сол и бибер. Оставете ја смесата во ладилник.
– На парче леб ставете парче салама, врз тоа сирење, па повторно салама и прекријте со уште едно парче леб. Исечете ги сендвичите на половинки или четвртини и прицврстете ги со чепкалка за заби.
– Затоплете масло во длабока тава. Извадете ја смесата за похување од ладилникот, па во неа натопете ги сендвичите така што ќе бидат прекриени од сите страни.
– Пржете ги сендвичите во заграно масло додека не поруменат од сите страни.
– Извадете ги чепкалките, ставете шеќер во прав и послужете ги сендвичите.
јули 27, 2025