Рецепти
Вкусни пица мафини

Потребни состојки:
– 500 гр лиснато тесто
– 200 гр свински врат
– 2 домати
– 150 гр кашкавал
– оригано
– босилек
Начин на подготовка:
– На набрашнета работна површина ставете го лиснатото тесто и со сукало развлечете го во форма на правоаголник. Исечете го на 12 квадрати.
– Намастете го калапот за мафини и во секоја дупка ставете по едно парче тесто. Со прсти притиснете го убаво во калапот.
– На дното ставете од ситно сецканиот свински врат.
– Доматите измелете ги и исцедете ги. Ставете по 1-2 лажици на секое тесто во калапот. Посипете со оригано и босилек.
– Одозгора ставете од кашкавалот исецкан на мали коцки.
– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени додека да поруменат.
– Оставете ги да се изладат, извадете ги од калапот и послужете.
јули 27, 2025