Рецепти
Форнети со спанаќ

Солени залачиња од лиснато тесто кои може да ги полните со различни филови.
Потребно состојки:
– 200 мл кисела павлака
– 2 лажици млеко
– 1/2 лажиче сол
– 1/2 лажиче бибер
– 450 гр спанаќ
– 2 лажици изрендан тврд кравји кашкавал
– 2 лажици изрендан пармезан
– 4 млади кромидчиња
– 1 јајце
– 500 гр лиснато тесто
Начин на подготовка:
– Развлечете го лиснатото тесто во форма на правоаголник и исечете го со тап нож на парен број на мали правоаголници. Едниот дел од правоаголниците исечете ги на неколку места со ножот.
– За филот измешајте ги павлаката, млекото, сол и бибер. Додадете го претходно избланшираниот и исцеден спанаќ, сирењата и ситно сецканиот кромид.
– На неисечените делови од правоаголниците од тесто ставете од филот и преклопете ги со другите исечени делови.
јули 27, 2025