Connect with us

Рецепти

Тирамису – вкусниот италијански десерт

Тирамису е италијански десерт којшто се приготвува со пишкоти, натопени со кафе еспресо, сирење маскарпоне (меко, слатко и кремасто, вид на слатка павлака), јајца, шеќер, вино марсала или рум и какао. 
Во оригиналната рецепта не е наведена употреба на алкохолот, со оглед на тоа дека на почетокот овој десерт бил наменет за сите, од деца до возрасни и стари.

Начин на подготовка:

Одвојте ги жолчките од белките, па жолчките со половина од шеќерот во прав матете ги околу 15 минути на пареа.

Одвоено изматете ги слатката павлака со преостанатиот шеќер во прав. кога жолчките ќе се изладат, соединете ги со слатката павлака.

Додадете го крем сирењето и добро измешајте со миксер. На изладеното кафе додајте му рум. Во сад прво ставете половина од изматената смеса и врз неа наредете бисквити претходно намакани во кафе.

Кога цела површина ќе ја покриете со бисквити, нанесете ја одозгора преостанатата смеса или крем.

Попрашете со какао и ставете го фрижидер да се лади.

Состојки:

4 жолчки, 100 гр шеќер во прав, 450гр крем сирење, 400 мл слатка павлака, мало паковање бисквити, сварено кафе, малку рум, малку какао