Connect with us

Скопје

Герасимовски: Фантастична предновогодишна вечер на Боемска, центарци со позитивна енергија влегуваат во 2026

Со предновогодишната забава „Вечер под ѕвездите“, Општина Центар симболично ја заокружи 2025 година и посака добредојде на Новата година.
Боемска улица синоќа беше преполна со расположени и весели скопјани кои се препуштија на празничната атмосфера, подготвена специјално за нив, соопштуваат од Општина Центар.

„Уште на самиот почеток, вештите акробати и жонглери во ритамот на диско музиката на ди-џеј Александар Јорданов ги воодушевија посетителите со своите трикови и мајсторски точки. Вечерта кулминираше со настапите на „Brass Brothers“ и „Либеро бенд“, чија енергична изведба на популарните хитови ја разигра публиката, која, и покрај студеното време, остана насмеана и во добро расположение. На присутните им се обрати и градоначалникот Горан Герасимовски, посакувајќи им здравје, среќа и весели моменти во следната година“, се наведува во соопштението.

„Ова беше навистина фантастична забава! Ви посакувам и во 2026 година да ве следи оваа иста позитивна енергија која вечерва заедно ја споделивме“, порача Герасимовски.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 3