Connect with us

Вести

Пратениците ќе одлучуваат за разрешувањето на Коцевски

На пленарна собраниска седница се очекува да биде ставен предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Ова го соопшти претседателот на Собранието, Африм Гаши на брифинг со новинарите. 

– Предлогот е доставен до пратениците. Ќе видиме дали ќе се дополни дневниот ред или ќе го предложиме ние како Кабинет до пратениците. Но, најверојатно ќе биде на седница на дневен ред. Ако денеска ја ставиме и го дополниме дневниот ред, ќе го известиме и ќе побараме да присуствува. Ќе гледаме порано да организираме денеска во текот на денот за да може да дојде утре. Како што се определени роковите по Деловник и закон, веднаш ќе постапиме. За нас како држава е многу битно што побргу да избереме јавен обвинител. Ќе постапиме по роковите кои се определени по законот и Деловникот, рече Гаши.

Посочи дека до крајот на декември се очекува да се одржат четири пленарни седници. На 23 декември пред пратниците годишно обраќање треба да има претседателката Гордана Сиљановска Давкова, а на 25 декември да се оджи седница за пратенички прашања. 

Гаши на средбата со новинарите посочи и дека останува да бидат донесени уште два закона за да се заокружи Реформската агенда, а тоа се Законот за јавни патишта и Законот за Судски совет

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1