Connect with us

Вести

СДСМ нема да гласа за разрешувањето на Коцевски

Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање дали ќе го поддржат предлогот за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, одговори дека СДСМ е против концептот на притисок против било кого во правосудството.

-Ние сме против концептот на притисок кон било кого во правосудството. Тоа не смее да се дозволи. Ние имаме препораки од Оценската мисија што треба да се направи во правосудството. Но ниту една препорака не е имплементирана. Нема нов закон за Јавно обвинителство, треба да има нов кривичен закон, тоа се суштинските работи што треба да ги видиме во правосудството, а не кој да биде на некоја позиција и се поставува прашањето кои се критериумите. Дајте да ги донесеме европските критериуми, дајте да ја донесеме европската обвинителка за некои случаи за кои потенциравме, изјави Филипче.

Според него, се што оваа власт презема во правосудството, а не значи вистинска реформа, не води никаде и тоа, рече, граѓаните не го сакаат.

-Ова да не се фати дека сум нечиј адвокат, најмалку на јавниот обвинител којшто лично не го ни познавам. Но сметам дека се она што значи партиски притисок да се постават партиски луѓе значи се подлабоко заглавување на правосудството, нешто што граѓаните не го сакаат. Граѓаните сакаат реформи и вистинско правосудство на коешто може да му се верува. Ова не е тој механизам и тоа не се случува само сега со овој притисок на обвинителот, се случува цело време изминатите година и пол дена наназад, рече Филипче.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 3