Connect with us

Фудбал

СП2026: САД очекуваат десет милиони навивачи од странство и заработка од 30 милијарди долари

Соединетите Американски Држави (САД) очекуваат речиси десет милиони фудбалски навивачи од странство да ја посетат земјата за време на Светското првенство кое ќе се одржи идното лето од 11 јуни до 19 јули, соопшти денеска Стејт департментот.
„САД очекуваат приближно десет милиони посетители од странство. Светското првенство ќе генерира 30 милијарди долари за американската економија и ќе отвори 200.000 работни места“, се наведува во соопштението.
Претходно, американскиот државен секретар Марко Рубио нагласи дека поседувањето билети за Светското првенство не гарантира американски визи за странските граѓани. Сепак, како што посочи американскиот претседател Доналд Трамп, американските конзуларни службеници ќе дадат приоритет на интервјуата со оние кои сакаат да патуваат на Светското првенство. За да ги зголемат своите шанси за добивање виза навремено, американскиот лидер советуваше што е можно поскоро да аплицираат за документот.
Светското фудбалско првенство 2026 заедно ќе го организираат САД, Мексико и Канада и ќе биде прво во историјата со рекорден број од 48 репрезентации.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 4