Connect with us

Вести

МВР го казни новиот градоначалник на Струга поради неистакнување на Македонското знаме

ОВР Струга поднесе барање за поведување прекршочна постапка против правното лице-Општина Струга и против одговорното лице М.Ќ.(65) од струшкото село Биџево, поради сторено дело спротивно на член 6 а казнив по член 11 од „Закон за употреба на знамиња на заедниците во Р.С.Македонија”, информира Министерството за внатрешни работи. 

– Пријавените, како организатори на настан по повод денот на Албанското знаме, што на 28.11.2025 година се одржувал на улицата „Маршал Тито во Струга, покрај знамето на заедниците, ниту на бината ниту на дел од кејовите на реката Црн Дрим, не го истакнале и не го поставиле државното знаме на Р.С.Македонија што, според Закон, биле обврзани да го направат, се вели во информацијата објавена на фејсбук страницата на МВР.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 4