Политика
ВМРО-ДПМНЕ: Соопштението на СДС личи како Заев мамурен да го пишувал бидејќи наликува на неговиот препознатлив сенс и кодиран јазик
Дали ова е некое мистично, кодирано соопштение, дали е можеби хаику поезија и дали знаат што сакале да кажат?
Ова личи како Заев мамурен да пишувал пошто наликува на неговите изјави и го содржи истиот тој препознатлив сенс и кодиран јазик како изјавите со жицата на гитарите, главата на рибата, дождот што паѓа со илјадници тони во секунда на квадрат и ред други мистериозни и длабоко симболични наративи со кои тој комуницираше.
Се гледа дека освен што го има киднапирано Филипче, го хакирал и зел и официјалниот емаил на СДС и си праќа соопштенија базирани на неговите моментални емоции.
декември 4, 2025


