Фудбал
Серхио Рамос се враќа во Европа
Искусниот 39-годишниот Серхио Рамос кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Европа. Оваа одлука е откако фудбалерот се реши да не го продолжи договорот со тимот од Мексико Монтереј, кој му истекува на крајот од годината.
Шпанските медиуми пишуваа дека постои можност да ги засили редовите на шпанскиот второлигаш Кордоба, но некако се пореално е дека ќе облече дрес на поранешен европски шампион.
Шпанецот истакнал дека сака барем уште една година да игра на високо ниво, како екипа која сака да го има во своите редови се споменува калчолигашот Милан.
декември 4, 2025

