Connect with us

Скопје

Стаменкоска Трајкоска: Тренерки за слабовидните спортисти од ДСУРЦ „Димитар Влахов“ и формирање инклузивна лига во гол бол

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска денеска оствари средба со учениците од ДСУРЦ „Димитар Влахов“, деца со оштетен вид, кои освоија трето место на меѓународен турнир во гол бол, подготвувани од Спортскиот клуб „Феникс“.

На средбата, како што информираат од Општина Кисела Вода, присуствувале и директорката на училиштето, Александра Јаковчевска, како и нивниот наставник по физичко образование. Во искрена и опуштена атмосфера, учениците ја објасниле играта гол-бол, зборуваа за начинот на тренирање, за предизвиците со кои се соочуваат, но и за потребите што ги имаат како ученици и спортисти со слаб вид. На градоначалничката и доделија благодарница напишана и со Брајово писмо.

Стаменкоска Трајкоска, се вели во соопштението, им честиташе за постигнатиот успех и најави проширување и унапредување на соработката меѓу Општина Кисела Вода и ДСУРЦ „Димитар Влахов“. Во таа насока, таа донираше тренерки за сите ученици од училиштето кои се дел од клубот што се натпреваруваше во гол-бол. Дополнително, најави дека во програмата на општината за 2026 година веќе е предвиден нов проект- воспоставување инклузивна лига во гол-бол, со плеј-оф завршница, во која ќе учествуваат ученици од ДСУРЦ „Димитар Влахов“, ученици од сите основни училишта во општината, како и спортисти.

-Овие деца се вистинска инспирација. Искрено им честитам за успехот и им благодарам што ни покажаа што значат посветеноста, тимскиот дух и љубовта кон спортот. Општина Кисела Вода останува силен поддржувач на ДСУРЦ „Димитар Влахов“ и нашата соработка ќе се проширува. Како новитет, во 2026 година воведуваме инклузивна лига во гол-бол, каде заедно ќе се натпреваруваат ученици со и без попреченост. Тоа е вистинскиот пат кон инклузивност, еднакви шанси за сите и намалување на маргинализацијата на лицата со слаб вид. Како градоначалник, ќе продолжам да вложувам во програми и проекти што градат општество во кое секое дете има простор да напредува и да успее, изјави Стаменкоска Трајкоска. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3