Connect with us

Скопје

Новото раководство на ФК „Илинден“ на прием кај градоначалникот Георгиевски

На прием кај градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, беше дел од новото раководство на Фудбалскиот клуб „Илинден“, како и новиот претседател Ѓоко Стерјоски, се наведува во соопштението од  Општина Илинден, кое МИА го пренесува интегрално.

На состанокот, новото раководство на клубот го информираше градоначалникот за новите планови и цели во наредниот период, а тој им посака успех во понатамошната работа.

Во знак на благодарност, претседателот на ФК „Илинден“, на градоначалникот му подари симболичен подарок – дрес со неговото презиме, симболично означувајќи ја новата фаза на партнерство меѓу општината и клубот.

Градоначалникот Георгиевски истакна дека Општина Илинден и понатаму ќе остане посветена на поддршката за развој на спортот и спортските клубови на територија на општина Илинден.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 4