Connect with us

Скопје

Општина Бутел: Напредува изградбата на водоводот во Љубанци и Љуботен

Градоначалникот Дарко Костовски изврши увид во градежните активности за изградба на систем за водоснабдување на граѓаните на с.Љубанци и с.Љуботен.

Историскиот проект – изградба на водовод за Љубанци и Љуботен денес е реалност. Поставени се 400 метри цевковод на двата крака на трасата. Истовремено, се поставуваат цевки на вториот крак на водоводот, на резервоарот Љуботен. Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски обезбеди 110.000.000 денари за реализирање на еден од најголемите капитални проекти – систем за водоснабдување на селата Љубанци и Љуботен, со чиста вода за пиење од градскиот водовод.

Градоначалникот Дарко Костовски изрази голема благодарност до претседателот на Владата на Република Македонија проф. д-р Христијан Мицкоски и  вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николовски, за големата поддршка за овој исклучително значаен проект. Воедно, градоначалникот истакна дека иако многумина политичари не се ни обидоа и не веруваа, а некои политички противници сè уште го оспоруваат и се противат на  проектот, граѓаните на Љубанци и Љуботен ќе имаат постојано водоснабдување со здрава и кавалитетна вода за пиење.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2