Connect with us

Скопје

Градоначалникот Костовски изврши увид во изградбата на СРЦ во Кучевишка Бара

Градоначалникот Дарко Костовски денеска изврши увид во активностите за изградба на новиот спортско-рекреативен центар во населено место Кучевишка Бара, кој ќе се протега на површина од 2000 метри квадратни.

Како што информираат од општината, новиот спортски комплекс ќе содржи фудбалско игралиште со висококвалитетна вештачка трева, детско игралиште, летниковец и нови клупи, парк и нови зелени површини.

– Општина Бутел се менува. Маалскиот дух се чува и негува. Локалната самоуправа инвестира и создава можности за редовно практикување на спорт на сите граѓани, се наведува во соопштението.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3