Connect with us

Култура

Соработка на МКИЦ-Софија со режисерот Гоце Цветановски

Режисерот Гоце Цветановски го отстапил на Македонскиот културно-информативен центар во Софија без финансиски надомест прикажувањето на неговиот наградуван  долгометражен цртан филм „Јон Вардар против Галаксијата“, а за тој гест директорот на МКИЦ во Софија Зоран Пејковски му доделил на Цветановски благодарница „Мостови на културата“.

-Со овој гест, публиката добива можност поблиску да се запознае со современото македонско филмско творештво. Оваа соработка претставува вистински мост меѓу културите и силен поттик за понатамошно зајакнување на присуството и развојот на македонската уметност на глобалната сцена. Беше исклучително значајна остварената средба со младиот и наградуван режисер Цветановски чија посета на МКИЦ означи отворање ново поглавје на соработка, претставувајќи важен чекор кон уште поголема афирмација на македонската култура надвор од државните граници, наведува МКИЦ во соопштение.

Благодарницата „Мостови на културата“, посочува МКИЦ, е признание „за неговиот исклучителен придонес, поддршка и несебична посветеност во промовирањето на македонската култура и уметност на меѓународната сцена“.

-Цветановски целосно го оправдува ова признание, имајќи предвид дека само во текот на 2025 година е добитник на значителен број престижни интернационални награди, и од европски и од светски ранг, наведува МКИЦ во Софија.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3