Connect with us

Скопје

Герасимовски: Отстранета доградената дивоградба на ресторанот „Мечка“

Во рамките на акцијата за отстранување дивоградби, Општина Центар ја урна нелегалната доградба на ресторанот „Мечка“ во Дебар Маало.

 Како што информираат од општината, доградбата го блокирала тротоарот, дел од коловозот и пешачкиот простор.

-Нема да дозволиме узурпирање на јавен простор поради приватни интереси. За секој објект каде што ќе утврдиме нерегуларности ќе издадеме решение за негово отстранување, вели градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Жителите на Дебар Маало ја поздравија акцијата и ослободувањето  на просторот што подолго време бил бесправно узурпиран.

-Во тек е обемна и континуирана акција за воспоставување ред на јавните површини, со засилени инспекциски контроли и активности за расчистување на нелегално поставени објекти. Целта е да се заштити јавниот интерес, како дел од пошироката стратегија за воспоставување ред  во општината, наведуваат од општината.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3