Connect with us

Технологија

Хонда официјално го враќа познатиот Прелуд

Хонда Прелуд официјално се враќа во 2026 година, означувајќи го враќањето на едно од најзначајните купеа на Хонда. Овој пат, Прелуд се вклопи во модерен хибрид систем насочен кон комбинирање на спортски перформанси со секојдневна употребливост и силна ефикасност.

Под хаубата, се наоѓа 2,0-литарски четирицилиндричен мотор со два електрични мотори, кои произведуваат околу 200 коњски сили и 232 lb-ft вртежен момент. Има погон на предните тркала и користи хибриден систем сличен на Цивик Хибрид. Новиот Прелуд ќе биде достапен само со ЦВТ автоматски менувач, без опција за мануелен. Но Хонда додаде режим „С+ Шифт“ кој симулира менување брзини и овозможува попривлечно возење.

Новиот Прелуд дели голем дел од шасијата со Цивик Тајп Р, вклучувајќи ја предната суспензија со двојна оска и адаптивни амортизери подесени за удобност и прецизност во свиоци. Овие надградби треба да му дадат поостро управување од типично купе со погон на предните тркала, а воедно да го одржат удобно за секојдневно возење.

Внатре, Прелуд нуди кабина фокусирана на возачот. Нуди кожни седишта во “2+2” поставеност што значи дека има и задни седишта но просторот позади е прилично тесен, со низок кров и помалку од 100 цм простор за нозе. Доаѓа со 9-инчен екран на допир кој вклучува вграден Гугл, заедно со безжични Епл Карплеј и Андроид Ауто и дигитална инструмент табла.

Цената сè уште не е потврдена, но се оќекува дека ќе започне некаде околу 40.000 долари во САД, а продажбата се очекува да започне кон крајот на 2025 година.

Прелуд ќе се натпреварува во мал, но интересен сегмент. Не е толку фокусиран на патека како Тојота ГР86 со погон на задни тркала или Субару БРЗ, и дели слични бројки на моќност со Цивик Си со погон на предни тркала. Наместо тоа, има за цел да испорача рамнотежа помеѓу стил, ефикасност и спортско возење за оние кои сакаат нешто забавно, но сепак лесно за секојдневно возење.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3