Connect with us

Скопје

Божиновска: Уште едно училиште со паметен систем за следење на потрошувачката на енергија

Меморандум за соработка и донација на паметни уреди за следење и управување со потрошувачката на електрична енергија денеска беше потпишан во основното училиште „Наум Наумовски Борче“ во скопската населба Маџари, во присуство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски. Меморандумот го потпишаа директорката на училиштето Елизабета Темелковска и претставничката на Шпаркасе Банка Златица Цивкаровски.

Со овој меморандум започнува процесот на инсталација на напредното решение Smart Energy Metering and Management (SEMM) во училиштето „Наум Наумовски Борче“, со што ова училиште се приклучува на мрежата на јавни институции кои го воведуваат паметното следење и управување со потрошувачката на електрична енергија.

-Преку вакви конкретни чекори, ја пренесуваме пораката дека секоја институција, па и секој поединец, има улога во одржливото управување со енергијата. Истовремено, со ваквите проекти ги учиме младите генерации на свесност, одговорност и рационално користење на енергијата – вредности коишто се суштински за иднината што ја градиме заедно, истакна министерката Божиновска.

Таа нагласи дека ова е прв чекор кон системско воведување на дигитални решенија за енергетска ефикасност во јавниот сектор, особено во образованието и порача дека енергетската ефикасност мора да почне од основата – од нашите училишта, каде што ги воспитуваме идните граѓани и професионалци.

-Се надеваме дека сè повеќе компании ќе го следат овој пример и ќе се вклучат во решенија коишто ќе им помогнат на овие институции полесно и поефикасно да се справуваат со потрошувачката и трошоците за електрична енергија, посочи Божиновска и додаде дека компаниите не треба да бидат само технолошки иновативни, туку и општествено одговорни, и дека поддршката на приватниот сектор за училиштата и болниците е од суштинско значење во услови на глобални енергетски предизвици.

Вакви системи веќе се инсталирани во сопскит еучилишта  „Мирче Ацев“ – Општина Ѓорче Петров, „Исмаил Ќемали“ – Општина Чаир, „Кирил Пејчиновиќ“ – Општина Кисела Вода и „Лазо Ангеловски“ – Општина Аеродром

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2