Connect with us

Скопје

Општина Кисела Вода и Факултетот за физичко образование со заедничка иницијатива за инклузивно образование и спорт

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, оствари работна средба со деканот на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, Влатко Неделковски, на која се разговараше за унапредување на наставата по физичко образование во основните училишта и важноста на нејзината инклузивност.

Како што информираа од Општина Кисела Вода, оваа средба претставува почеток на институционална соработка меѓу Општината и Факултетот, насочена кон поддршка на наставниците, промоција на здрави животни навики и создавање инклузивна средина во спортот и образованието.

Како прв заеднички чекор, постигнат е договор наставниците по физичко образование од основните училишта во Општина Кисела Вода да поминат обука за работа со деца со посебни потреби, која ќе започне во декември.

Оваа обука има за цел да обезбеди пристапност, разбирање и соодветен пристап кон секое дете, со што ќе се придонесе кон еднакви можности и поголема интеграција во наставниот процес.

-Ми беше драго што се запознавме со активностите на факултетот и што заеднички можеме да направиме повеќе за здравјето и развојот на децата, особено на оние со попреченост. Со деканот, проф. д-р Неделковски, разговаравме и за други можности за соработка, кои ќе придонесат за зајакнување на спортот и физичката култура кај најмладите. Во фокусот на мојата работа како градоначалник ќе биде унапредувањето на спортската инфраструктура, но и подобрувањето на наставата по физичко образование, како и обезбедувањето еднакви можности за сите деца, без исклучок, изјави градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2