Connect with us

Политика

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Измина една недела од изборниот дебакл на Филипче и СДС, со којшто спаднаа на 120.000 гласови и се трета политичка партија во Македонија и петта во Скопје.

Иако по историскиот пораз минатата недела, Филипче најави реформи и кадровски промени во партијата, сепак се уште јавно ништо нема.

До нас стигнаа информации, дека Филипче имал проблем со формирање на ново раководство, поради тоа што СДС поради Филипче и неговиот ментор Заев, спадна на едвај 120.000 гласови.

Јавно прашуваме,

Дали е точна информацијата дека на Филипче му одбиваат функции во СДС, луѓе кои важеле за големи поддржувачи на СДС и поранешни активисти?

Дали и некои од тие луѓе не сакале да бидат дел од раководството на СДС, затоа што не го сметаат Филипче за нивен претставник?

Почитувани,

Ова што му се случува на СДС не му го посакуваме никому. СДС важеше за партија со историја, кредибилитет и квалитетен кадар. Меѓутоа, она што Заев, Ковачевски и Филипче му го направија на СДС се должи на ароганцијата и предавствата што ги направија.

Итни реформи во СДС и оставка на Филипче. На ВМРО-ДПМНЕ му е потребна силна опозиција, а не партија без кредибилитет со Венко Филипче на чело.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3