Connect with us

Вести

Уапсен актуелниот Директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството, Илија Стоилев

Илија Стоилев, актуелен Директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е уапсен попладнево , дознава Канал 5.

Директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, стапи на функција на 26.07.2024 година. Во неговиот мандат е познат по изјавата дека дека програмата ИПАРД 2 е завршена со повеќе од 85% за што ЕУ не прогласени за лидери во регионот.

Стоилев во јуни, два месеца по стапувањето на функција, се осврна на сериозен проблем со кој се соочил откако стапил на функција затоа што минатата власт оставила преку 70 нерешени предмети и морале да најдат начин како да се решат овие предмети кои чекале мислење од други институции со кои биле поврзани.

-Тука морам да споменам дека кога стапив на должност се соочив со еден сериозен проблем каде што минатата власт оставила преку 70 предмети нерешени, а краен рок за завршување на кампањата беше 31.12.2024 и ни останаа околу неполни 4 месеци за затварање на целиот овој програм. “

Стоилов потсети дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој се занимава со исплата на средства по одредени програми кои ги носи Владата односно Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, каде тие исплати мораат да бидат поткрени со одредена документација или доказ за остварено производство, одредени капацитети, одредена инвестиција или слично.

Детали за пасењето се уште не се познати. Инаку Стоилев дојде на функцијата директор од местото претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Свети Николе.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2