Политика
Филипче ја потврди оставката на потпретседателката на СДСМ Ана Чупевска
Во однос на неговото лично лидерство, Филипче нагласи дека како претседател е кратко време – година и неколку месеци и дека досегашните резултати се дополнителен показател од кој СДСМ ќе влече поуки и пораки за иднината.
Процесот продолжува, силно да се бориме против оваа власт. Со тоа што успеавме да ги разобличиме нивните политики, делумно е и наша заслуга што губеа голем број гласови – рече тој.
Филипче ја потврди оставката на потпретседателката на партијата, Ана Чупевска, но истакна дека соработката ќе продолжи во друга форма.
Ова е втора оставка на високо ниво во СДСМ во неколку дена, откако претходно Ѓорѓи Галетановски се повлече од претседател на градската организација на СДСМ.
ноември 3, 2025

