Connect with us

Општини

Златко Сиљаноски е идниот градоначалник на Општина Дебрца

Златко Сиљаноски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, е новиот градоначалник на Општина Дебрца.

Според официјалните непотврдени резултати, Сиљаноски на денешниот втор круг од гласањето на Локалните избори ја доби поддршката од 1.507 граѓани или 61,64 отсто од вкупниот број гласачи кои денеска излегоа на изборите. Независниот противкандидат и досегашен градоначалник на оштината Зоран Ногачески освои 857 гласа или 35,05 проценти од гласовите.

Во Општина Дебрца денеска се гласаше на 22 избирачки места, на кои беа регистрирани вкупно 3.939 граѓани со право на глас од кои денеска на изборите излегле и гласале 2.445 гласачи или 62,21 проценти од гласачкото тело.

Сиљаноски ќе го замени Ногачески кој изминатите осум години во два мандати ја предводеше локалната самоуправа во Општина Дебрца.

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го има и мнозинството во Советот на Општината, со освоени шест од деветте советнички места.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2