Општини
Перо Костадинов загуби во Валандово, Ѓоко Камчев од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде нов градоначалник
Во Валандово, по 100% обработени избирачки места, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ бележи тесна, но сигурна победа.
Кандидатот Ѓоко Камчев освои 49,66% од гласовите (3.258 гласа), додека Перо Костадинов од СДСМ доби 45,91% (3.012 гласа).
Разликата од нешто повеќе од 200 гласа ја потврдува промената на политичката сцена во југоистокот на земјата, каде ВМРО-ДПМНЕ ја презема и оваа општина.
ноември 2, 2025

