Општини
Најслатка победа: По 20 години, ВМРО-ДПМНЕ добива градоначалник во Кичево!
Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски, победи во Кичево.
Граѓаните на Кичево, по цели 20 години избраа Македонец за градоначалник, брифираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Противкандидат на Јовановски беше досегашниот градоначалник Фатмир Дехари од ДУИ.
Јовановски освои 14.215 гласа, за Дехари гласале 12.100 кичевчани. Бројот на неважечки гласови е 800.
Според моменталните резултати на ДИК, на 91% обработени гласови Јовановски освоил 13.642, додека Дехари 11.156
ноември 2, 2025

