Connect with us

Општини

Претставници на Македонците во Албанија дел од тркалезната маса организирана од Мисијата на ОБСЕ

Мисијата на ОБСЕ во Република Албанија, организираше консултативен состанок со претставници на асоцијациите на малцинствата со цел поттикнување на дијалогот, размена на перспективи и зајакнување на соработката.

Претставници од македонското и другите малцинства ги споделија своите искуства, предизвици и приоритети за унапредување на правата на малцинствата и социјалната инклузија.

На средбата македонското нацонално малцинство го претставуваа Ендрит Фетаху, потпретседател на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) и проф. д-р Кимет Фетаху, почесен претседател на партијата и еден од најпознатите активисти за правата на Македонците во Албанија, по потекло од областа Голо Брдо.

-Размената на мислења и ставови помогна да се идентификуваат нови можности за соработка и да се изнајдат начини врз кои Мисијата на ОБСЕ во Република Албанија може да продолжи да ги поддржува еднаквите права, инклузивното учество и поефикасните механизми за заштита на сите национални малцинства во оваа земја, рече Ендрит Фетаху за МИА. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1
Маркетинг