Connect with us

Општини

Кандидатот за градоначалник на Брвеница, Илиевски најави изградба на нова детска градинка во Челопек

Кандидатот за градоначалник на Брвеница Јовица Илиевски информираше дека остварил работна средба со заменик-министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски со цел разгледување на можностите за нова градинка во населеното место Челопек.

– На средбата се дискутираше за изградба на новата детска градинка во село Челопек со капацитет од 50 легла. Изразувам благодарност до заменик-министерот за неговиот ангажман и труд вложен во нашата општина, преку кои се решава овој значаен проблем, истакна Илиевски.

Актуелниот градоначалник кој се кандидира за втор мандат посочи дека на овој начин ги продолжува активноститe за менување на Општина Брвеница на подобро, како и создавање подобри услови за сите.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1
Маркетинг